Ременски прави увид во доказите за „Меѓународен сојуз“
Овој дел на истрагата, што обвинителството ја отвори на 9-ти октомври се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од неколкумина бизнисмени.

Пратеничката Фросина Ременски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Боки 13, во кој се опфатени пет физички лица и едно правно лице.
Овој дел на истрагата, што обвинителството ја отвори на 9-ти октомври се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од неколкумина бизнисмени.
Фросина Ременски по давањето исказ пред судија на претходна постапка, во октомври , изјави дека не чувствува никаква вина.
