Владите на Северна Македонија и Србија го усвоија Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовце

13.12.2019 13:16

Владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата...

Владите на Северна Македонија и на Дрбија го усвоија текстот на договорот за отворање на заеднички граничен премин Лојане – Миратовац, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој појаснува дека владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата.