Изградени 70 проценти од магистралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар

13.12.2019 14:57

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потенцира дека со ова се реализира еден од врвните приоритети на Владата...

Mагистралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар во должина од 78 километри има 70 процентна реализација во градбата, беше посочено при денешниот увид во изградбата на трасата на гасоводот во Тетово, во близина на селото Фалише. Директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) очекува до крај на 2020 гасодовод да биде пуштен во употреба.

„Очекувам  оваа делница да биде завршена во прва половина од наредната година по што ќе се следи испитување на комфор стандарди за градење. При крај на наредна година оваа делница ќе биде пуштена во употреба“, изјави директорот на НЕР, Бајрам Реџепи.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потенцира дека со ова се реализира еден од врвните приоритети на Владата. Во план е наредна година да почне изградбата на гасоводната делница од Гостивар до Кичево со средства од ЕБРД.