Претседателот Пендаровски на средба со претставници од Комора на здравствени работници

16.12.2019 14:08

На средбата, како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, претставниците на Комората го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа, како и за идните планови.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари средба со претставници на Комората на здравствени работници на Република Северна Македонија.

На средбата, како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, претставниците на Комората го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа, како и за идните планови.

Тие потенцираа дека се залагаат за подобрување на условите за работа и за унапредување на положбата на сите здравствени работници, односно акушерки, забни техничари, медицински сестри, физиотерапевти.

Претставниците на Комората на здравствени работници на средбата со претседателот Пендаровски потенцираа дека исто така се залагаат за подобрување на програмите во образовниот систем, со цел да се продуцира квалитетен кадар на здравствени работници.