Кривична за екс- министерот Ацо Спасеновски, овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

16.12.2019 14:20

Спасеновски се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Во својство на министер, во 2009 година овозможил исплата на 7,3 милиони денари за наводни научни истражувања, информира Финансиската полиција.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски.

Спасеновски се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Во својство на министер, во 2009 година овозможил исплата на 7,3 милиони денари за наводни научни истражувања, информира Финансиската полиција.

Кривични пријави се поднесени и против сопственикот на „Меѓународен Агро Консалтинг“, А.Ѓ., како и против правното лице „Меѓународен Агро Консалтинг“.