Жбогар: Ветингот секогаш е последна опција
Ситуацијата во правосудството не е така лоша и има други начини правосудството да се подобри, пред сѐ, од внатре и не гледаме потреба за ветинг на судии и обвинители во моментов, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, по средбата со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати. Претседателот на Судот, пак, остана без коментар, тој посочи дека ќе ја продолжат соработката со пријателите од Европа...
Ветингот секогаш е последната опција и за ветинг треба да се исполнат извесни услови, како консензусот на сите политички актери, на пример, изјави евроамбасадорот Жбогар после средбата со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.
Претпочитаме да се искористат сите други елементи за подобрување на правосудството, кое и не е во така лоша ситуација во земјата. Најдобро е тоа да се подобри од внатре, да се саморегулира, додаде Жбогар.
„Ветингот секогаш е последната опција и за тоа треба предуслови, како што е политички консензус. Не гледаме причина за тоа. Сепак, одлуката е на самата земја“, изјави евроамбасадорот Жбогар.
Првиот човек на Уставен, Мурати не сакаше да разјаснува ништо во врска со ова прашање.
Претходно премиерот Заев, од партиската трибина „На прав пат“, ги повика Антикорупциската комисија, УЈП, МВР и другите надлежни институции да го испитаат потеклото на имотот на судиите и обвинителите и нивните семејства.
Фиљана Кока
