Скопјанец затаил данок од речиси 13 милиони денари
Пријавениот, како сопственик и управител на правно лице од Скопје, на 26.02.2018, со цел да избегне делумно плаќање на данок на добивка, во задолжителната пријава - образец „ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка“ за деловната 2017 година, кој го доставил во име на правното лице до УЈП, внел и дал невистинити сметководствени податоци.

Поднесена е кривична пријава против И.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело- даночно затајување, соопшуваат од МВР.
Пријавениот, како сопственик и управител на правно лице од Скопје, на 26.02.2018, со цел да избегне делумно плаќање на данок на добивка, во задолжителната пријава - образец „ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка“ за деловната 2017 година, кој го доставил во име на правното лице до УЈП, внел и дал невистинити сметководствени податоци.
Тој пресметал и пријавил даночна основа во износ од 7.118.190 денари, на која пресметал и уплатил данок на добивка во износ од 711.819 денари, иако бил должен да пресмета и пријави даночна основа во износ од 135.223.480 денари и да пресмета и плати данок на добивка во износ од 13.522.348 денари.
На тој начин, неосновано и спротивно на законот, даночната основа ја намалил за износ од 128.105.290 денари, кои не ги евидентирал како „непризнаени расходи за даночни цели“, не ги додал на „финансискиот резултат“ и тој износ не го пресметал и пријавил како даночна основа во поднесениот даночен биланс до УЈП, па за него не пресметал и не платил данок на добивка во износ од 12.810.529 денари, и за тој износ го оштетил буџетот.
