Армијата ќе се опреми со нови оклопни возила според стандардите на НАТО
17.12.2019 11:49
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата...

Владата на вчерашната седница која се одржа во Куманово, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.
Како што соопшти владината прес- служба, Владата го задолжи Министерството за одбрана да достави информација до Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието за потребата од склучување на ваков договор со САД.
