Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон
Пријавувањето на конкурсот ќе трае до 27.12.2019 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
Општина Охрид за Новата 2020 година објавува конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае до 27.12.2019 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди; Прва – 10.000 денари, Втора – 6.000 денари и Трета – 4.000 денари.
Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: При новогодишното украсување на дворовите и балконите треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста. Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници, информираат од општина Охрид.
Анита Никушева - Јованчев
