Утврдени условите за легализација на дивоградби изградени до 1-ви октомври годинава

17.12.2019 12:07

Предлог законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на Конвенцијата на УНЕСКО...

Владата го утврди Предлог – законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, со кој се предвидува можност за легализација на дивоградби од значење за Републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври годинава.

Предмет на тој закон се и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Македонија односно од единиците на локална самоуправа, кои заклучно со 1 октомври годинава се градежна целина, а не и функционална целина, соопшти денеска владината прес-служба.

Предлог законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и доградбите и надградбите на истите.