„Рекет 2“

Ременски: Очекувам да биде запрена постапката кон мене

17.12.2019 12:58

Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет 2“. Тврди дека нема докази против неа. Обвинителката Рускоска најави дека за случајот „Меѓународен сојуз“ ќе биде поднесено обвинение во почетокот на јануари...

Откако два дена вршеше увид во доказите, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, даде исказ пред обвинителката Рускоска за случајот „Рекет 2“. Очекува да биде повлечено обвинението против неа.

„Ги расчистивме сите прашања, и очекувам дека ќе биде запрена постапката кон мене во овој случај. Добив решение за завршена истрага, ќе ги искористиме сите законски права до конечната одлука на јавното обвинителство“, изјави Ременски.

Во петок треба да дадат исказ Бојан Јовановски и неговиот татко. Обвинителката Рускоска најави дека за вториот дел од „Рекет“ ќе биде поднесено обвинение во почетокот на јануари.