Институциите се поревносни против корупцијата
Дали и како се пријавува корупцијата во институциите, кои се механизмите, дали функционираат, кои се ефектите и резултатите? Дебата во организација на невладиниот сектор. Во Македонија секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно со закон...

Во последните две години до МВР стигнале двојно повеќе преставки за полицајците, споредено со претходните години, тврди шефот на внатрешната контрола, Андонов. Најмногу од нив се однесувале на сообраќајната и на граничната полиција.
Бројот на пријави во 2018-та за корупивните дејствија во Царината е поголем за 39 проценти, вели директорот на Управата, Танасковски. За превенирање дигитално се следи траењето на царинските постапки од страна на секторот за професионална одговорност.
Нема ниту една пријава за корупција во здравството, иако многу се говори за тоа. Вели заменик министерот Арслани. Во јавните набавки кои се број еден ризик за корупција, здравствените власти вклучуваат сѐ повеќе невладини организации.
Судството и вработувањата предничат во сомнежот на граѓаните дека генерираат корупција. Не се сите основани, вели антикорупционерката Пејовска- Дојчиновска.
За ветингот во судството Пејовска- Дојчиновска, посочи дека постапката е комплексна. Не е само имотната состојбата што треба да се следи кај луѓето од правосудството. Многу други прашања се тука поврзани, па затоа рече, премиерот ги повикал сите институции да помогнат.
Фиљана Кока
