Утре започнува амандманската расправа за предлог измените на Изборниот законик
Собраниските служби сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани. Намерата е јасна- блокирање на законот, вели претседателот на комисијата Кирацовски.
Утре на Комисијата за политички систем амандманска расправа на предлог измените на Изборниот законик. Собраниските служби сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани. Намерата е јасна- блокирање на законот, вели претседателот на комисијата Кирацовски. Нагласи дека е лицемерно што ВМРО- ДПМНЕ гласале да влезат овие две решенија во процедура, а потоа ги поднеле аманмданите.
„Лицемерно што ВМРО- ДПМНЕ гласаше да влезат овие две решенија во процедура, а потоа ги поднесе аманмданите. Јас сум обврзан како претседател на комисијата да отворам седницата и да започне амандманската процедура. До сега никој од оние кои ги поднеле аманмданите немам информација дека ќе одолговлекуваат или дека ќе ги повлечат амандманите“, рече Кирацовски.
