Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани

17.12.2019 15:21

Координаторот на пратеничката група Мицевски вели дека не се создадени деловнички услови утре за да се оддржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани на Изборниот законик. Координаторот на пратеничката група Мицевски вели дека не се создадени деловнички услови утре за да се оддржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Целта за поднесување на амандманите не е да се повлечат, туку да се каже дека најголемите чинители во земјата не беа консултирани за измените, иако позади сцената имаше преговори за забелешките на ОБСЕ и ОДИХР и за изборниот модел којшто ќе треба да се применува од наредните избори“, рече Мицевски.