Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред пратениците
18.12.2019 10:15
Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава...

Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава.
Во неговиот прв говор пред Собранието по положувањето на свечената заклетва, рече дека ќе биде претседател на сите граѓани и дека ќе подаде рака за соработка кон опозицијата.
Наведе дека ќе се залага за национален консензус за моделите за остварување на стратешките цели за членство во НАТО и во Европската унија. Како приоритети претседателот Пендаровски ги посочи економскиот просперитет и борбата против криминалот и корупцијата.
