Вашингтон

Трамп: Ова е крстоносна војна против мене

18.12.2019 13:23

Доналд Трамп ја обвини претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси за „обид за пуч“ и за „поткопување на американската демократија“, непосредно по одлуката за гласање за импичмент. Доколку Долниот дом се изјасни „за“, Трамп ќе биде третиот американски претседател кој бил отповикан...

Претседателот на САД, Доналд Трамп е пред отповикување во Долниот дом на Конгресот каде што се очекува историска расправа во очи гласањето. Расправата ќе се води по две обвиненија - за злоупотреба на власта и опструкција на Конгресот.

Доколку долниот дом се изјасни „за“, Трамп ќе биде третиот американски претседател кој бил отповикан.

Трамп остро ја критикуваше претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и ја осуди како што рече „свирепата крстоносна војна“ што се води против него. Ги обвини демократите за извртување на правдата и злоупотреба на позицијата со напорите да го сменат.

Рече дека не направил ништо погрешно кога побарал од странски земји да ги истражат неговите политички ривали. Во телефонски разговор побара од новиот украински претседател, Зеленски да ги истражи демократите и неговиот потенцијален политички ривал, Џо Бајден, за што Зеленски се надеваше на покана во Белата Куќа, и на околу 400 милиони долари воена помош од САД.

Во меѓувреме, десетици илјади луѓе низ целата земја маршираа во знак на поддршка за отповикување .

Не го мразам претседателот Трамп, но мислам дека тој ја мрази оваа земја. Јас ја сакам мојата земја и сакам да напредува.“

Сметам дека постои време во нашиот живот кога мора да зборуваме гласно и да преземеме акција. Ова е наша земја, ова е за нас, од нас, и ако не зборуваме треба да се засрамиме.“

Ретката процедура за отповикување на претседател која се очекува да трае околу 6 часа, ги дели членовите на Конгресот на сличен начин на кој американците имаат различни ставови за необичното претседателство на Трамп. 

Доколку Претставничкиот дом изгласа отповикување, понатаму за смена на претседателот ќе одлучува Сенатот кој го контролираат Републиканците. Судењето најверојатно ќе се одржи во јануари.  

 

Марина Ристова