САД

Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп

19.12.2019 10:01

Нареден кој одлучува за ова прашање е Сенатот. Трамп е третиот претседател кој ќе биде и формално обвинет за „голем криминал“ како што се наведува во Уставот.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп. Демократите го обвинуваат за злоупотреба на моќта и попречување на Конгресот.

Нареден кој одлучува за ова прашање е Сенатот. Трамп е третиот претседател кој ќе биде и формално обвинет за „голем криминал“ како што се наведува во Уставот.

Истрагата за импичмент почна поради соменние дека вршел притисок врз владата во Украина да започне истрага против неговиот политички ривал пред претседателските избори во 2020 година.

45-от американски претседател и натаму тврди дека против него се води „лов на вештерки“.