Градежништво

Општините да ги почитуваат роковите за дозволи

19.12.2019 14:59

Градежниците бараат да се тргне мораториумот. Општините да ги почитуваат роковите, бидејќи постапките се одоговлекуваат. Геодетските компании очекуваат со новиот закон и нов тарифник. Министерот за транспорт и врски, пак ја оцени како поволна реализацијата на капиталните инвестиции...

Да се почитуваат роковите за градежна дозвола, општините наместо за 25 дена, постапките ги одолговлекуваат и по седум месеци, бизнисот страда, реализацијата е сведена на минимум, оценуваат градежниците. Апелираат- локалните власти да не го кочат приватниот сектор да инвестира, проектите да се движат напред. Да се донесат детални урбанистички планови кои се веќе укинатите, да се повлече мораторимот за градба во најатрактивните општини, скопски Центар и Охрид.

И додека бизнисот во високоградбата стагнира, во проектите на нискоградба, гасоводната мрежа, патиштата, онаму каде што државата инвестира работите одат напред- оценуваат од градежната комора. Оттука оптимистички се очекувањата на ресорниот министер Сугаревски кој уверува годинава ќе заврши со 80 процентна реализација од проектираните капитални инвестиции.

Градежниците директно слушнаа за содржината на новиот закон за легализација на дивоградбите. Геодезите побара да бидат консултирани околу законските измени, очекуваат нов фронт на работа во следните неколку години.

Новиот закон за легализација на дивоградбите е веќе во собраниска процедура. Оние што бараат правен статус ќе треба да платат целосна сума за комуналии и 50 насто казна, а проширените тераси и дивоградби нема да се легализираат.

 

Сузана Фиданска- Стоевска