Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст 2020 година
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица
корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен
додаток, детски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се
јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.
Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на корисници на
социјална парична помош, постојана парична помош, односно гарантиран
минимален приход, детски додаток и децата без родители и родителска
грижа), родени во периодот од 2005 до 2010 година и/или деца редовни
ученици кои во учебната 2019/2020 година посетувале петто, шесто, седмо,
осмо и девето одделение како и деца корисници на посебен додаток до 26
години.
Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во смени од по 6 дена, во
Хотeл ,,Попова Шапка” - Попова Шапка. Одобрениот термин за користење на
услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.
Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони
(ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на
одморот.
Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници до
одмаралиштето и обратно.
Потребни документи за користење на услугата:
За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се
поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото
на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.
Барањата ќе можат да се поднесуваат до 24.12.2019 година односно до
пополнување на предвидениот број на корисници, во просториите на
надлежните Центри за социјална работа.
Лицата кои ќе ја користат услугата ќе бидат информирани од страна на
надлежниот Центар за социјална работа.
