Божикни Базари во Германија
23.12.2019 11:21
Сѐ е накитено, осветлено, украсено. Атмосферата е свечена, продавниците преполни, се купуваат подароци.
Германските градови пред Божикните и Новогодишните празници се како вистинска бајка.
Сѐ е накитено, осветлено, украсено. Атмосферата е свечена, продавниците преполни, се купуваат подароци.
Посебна приказна се Божикните базари. Дрвени рустични куќички, накитени во различни бои. Разнобојни лампиони, божикни украси и уште многу нешта, блескави, примамливи и секој размислува како би изгледале во нивниот дом, да се надополни со уште некој предмет што е обележје на празниците, да се разубави домашниот амбиент.
Од тезгите со храна се шират опојни мириси и секако неодоливо е вареното вино со зачини, да се наздрави за убавото ново што доаѓа.