Необични новогодишни елки

20.12.2019 15:22

Елката направена од 2945 живи луѓе во Хондурас во 2014 г.го држи гинисовиот рекорд. Годинава Град Скопје преку својата официјална Фејсбук страна ги повика сите граѓани во сабота 21.12 во 13 часот на Винтерленд, на Плоштад Македонија да дојдат во што поголем број за да го срушат најголемиот Гинисов рекорд на новогодишна елка создадена од луѓе! Ајде Македонци да го сместиме главниот град во гинисовата мапа, да се споменува и по нешто убаво а не само како најзагаден град .

Човековата фантазија нема крај особено во оваа предновогодишна и божиќна атмосфера. Елката како централен симбол може да се види во илјадници верзии. Секој ја прави или кити на свој начин. Во домашни услови таа може да биде жива, вештачка, но и изработена од најнеобични материјали, од оние за рециклирање, пластични шишиња, лименки, конзерви, хартија, од наредни книги, од чоколади, бомбони, од зелени стаклени шишиња, од ножички, играчки, цвеќиња, крпчиња, сунгери, сијалички, жица, дрвца и што ли уште не... 

Ако луѓето по дома се снаоѓаат по желба, вкус и финансиски можности, светските метрополи, хотели, богатите компании, тоа го прават во најлуксузен стил , за нив ќе се зборува, ќе им се восхитуваат, некои ќе се напреваруваат. Еве неколку примери од најскапи, најголеми или најубаво украсени  елки во светот. Годинава во лобито на еден шпански хотел со 5 ѕвездички од синџирот Кемпински стои моментално најскапата елка од 15 милиони долари. Всушност украсите на елката се скапоцености како дијаманти, сафири, накит од Картие, Булгари, Шанел. 

Најекстравагантната елка на светот има и по нешто обично, како на пример снегулки и вили. Меѓутоа материјалот од кој се направени тие се дијамантска прашина, ноеви јајца од   24 каратно злато.  Но, оваа елка не е единствен пример на скапа и необична елка. Една продавница за скапоцен накит во Токио има елка од чисто злато а тежи 21 килограм. Украсена е со златни орнаменти во вид на ленти, срца и орхидеи. Чини 2 милиони долари. Дизниевата елка чини 4,2 милиони долари. Направена е од 40 килограми злато, висока 2,4 метра, и пречник од 1,2 метри. Накитена е со златни ленти и ливчиња, на кои се залепени 50-те најпознати дизниеви јунаци. Ја изработувале 10 мајстори цели два месеца. За сопственикот ова е исплатлива инвестиција зашто вредноста на златото е голема. 

Имало  и поевтини само за 240 илјади долари, помала верзија на истата, златни елки од 25 центиметри. Постојат и скапоцени украси како на пример луксузна свеќа со 18 каратни дијаманти, наменета за  свечената трпеза, која чини 5 000 долари. Постољето на една елка  со Сваросвки кристали чини речиси 15 илјади долари. Еден Британец за советлување на својот двор потрошил 30 илјади евра. Еден јапонски јувелир направил дедо мраз тежок 20 килограми кој чини 300 милиони јени. Една дијамнтска елка е направена од 21 978 дијаманти , 3762 кристали, и 456 сијалички. Висока е 6 метри и тежи три тони. Цената и е 1 милион долари.

Венецот од дијаманти и рубини е вешто направен и личи на обичен , но неговите ливчиња и цветови се опточени со 32 дијаманти и 18 рубини, и други детаљи. Овој венец чини 4 милиони и 645 илјади и 800 долари.

Светот има чудни и екстравагантни навики на богаташи, а оние елки пак кои се поставени на плоштадите исто така се најразновидни, скапи или евтини, но сите имат иста цел да ја направат атмосферата во градовите што поубава. Белградската елка годинава е меѓу поскапите чини 83 илјади евра, на што граѓаните главно негодуваат поради распипништво на градските власти. 

Но елките не мора да бидат постојани и толку скапи. Елката направена од 2945 живи луѓе во Хондурас во 2014 г.го држи гинисовиот рекорд. Годинава  Град Скопје преку својата официјална Фејсбук страна ги повика сите граѓани во сабота 21.12 во 13 часот на Винтерленд, на Плоштад Македонија да дојдат во што поголем број за да го срушат најголемиот Гинисов рекорд на новогодишна елка создадена од луѓе! Ајде Македонци да го  сместиме главниот град во гинисовата мапа, да се споменува и  по нешто убаво а не само како најзагаден град.

Соња Стојановска