Дијаспора
Неделно училиште во МПЦО „Света Троица“ во Келн
26.12.2019 11:07
Наставата ќе биде приспособена според возраста на децата. Целта е низ креативност и игра децата да учат за религијата и за македонските традициции преку песна и ора.

Во МПЦО „Света Троица“ во Келн, Германија се организира неделно училиште за деца. Во рамки на училиштето ќе функционира црковна работилница за деца и фолклорна секција.
Наставата ќе биде приспособена според возраста на децата. Целта е низ креативност и игра децата да учат за религијата и за македонските традициции преку песна и ора.
Нема ограничувања за возраст, што значи дека децата од најмала возраст ќе имаат можност да говорат на мајчин јазик и да се запознаваат со македонските традиционални вредности.
