Граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина посака Пендаровски за 2020-та година

31.12.2019 13:02

Шефот на државата посакува благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Поседуваме доволно домашен потенцијал, во важни историски моменти, да се обединиме за важни прашања...

Посакувам во 2020-та во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина- порака од претседателот пендаровски пред новогодишните празници. Шефот на државата посакува благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Поседуваме доволно домашен потенцијал, во важни историски моменти, да се обединиме за важни прашања- рече Пендаровски.

„Во нашиот заеднички дом посакувам, пред сè, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество. Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година“, истакна во честитката претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници.