Скопје

Најмладите го пречекаа Дедо Мраз на плоштадот „Македонија“

31.12.2019 13:53

Како се наближува полноќ, така расте еуфоријата во метрополата. Најмладите го пречекаа Дедо Мраз на плоштадот „Македонија“. Нивните желби искрени и скромни. Возрасните посакуваат здравје, среќа и се разбира повеќе пари. Вечерва скопјани ќе ги забавува балканската звезда Дино Мерлин...

Новогодишната населба „Винтерленд“ во центарот на метрополата денеска е највеселото место, особено за најмладите. Со искрени и чудесни желби децата го дочекаа Дедо Мраз.

Дедо Мраз им посака здравје, среќа и многу петки во Новата година. Но, најважно од сѐ, потсети тој, многу љубов во семејствата и меѓу пријателите.

Здравје, среќа, мир во светот и повеќе пари се желбите на возразните. Некои скромни, но некои со песна ја испарќаат 2019-та.

Градоначалникот Шилегов на скопјани им посака среќна, весела и бериќетна година. Тој порача дека тајната на просперитетот е во разбирањето и сплотенаста.

Како што изминуваат последните часови од старата година, расположението во Скопје го достигнува својот максимум. Вечерва скопјани ќе ги забавува балканската ѕвезда Дино Мерлин.

 

Марина Стојанова- Тонева