Нема сознанија за повредени македонски државјани во нападите во Ирак
Во кризните подрачја има наши државјани на логистички задачи. Од МНР информираат дека до нив, ниту еден македонски граѓанин кој би можел да се наоѓа во тој регион не се обратил за помош. Институциите советуваат претпазливост и постојано следење на состојбата.

Нема информации за настрадани македонски државјани во нападите на американските воени бази во Ирак каде има наши сограѓани, велат од Министерството за надворешни работи.
Во кризните подрачја има наши државјани на логистички задачи. Од МНР информираат дека до нив, ниту еден македонски граѓанин кој би можел да се наоѓа во тој регион не се обратил за помош. Институциите советуваат претпазливост и постојано следење на состојбата.
Постојаниот преставник на Иран во Обединетите нации, Раванчи изјавил дека неговата земја нема да презема понатамошни воени активности. Во Преставничкиот дом денеска се гласа за ограничување на овластувањата на Трамп за прогласување војна против Иран.
