Кривичен суд

Обвинение за нарачателите на собраниските настани

09.01.2020 13:17

Формиран е кривично- правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани, стои во дописот.

Скопскиот кривичен суд го прифати обвинението за настаните од Собранието на 27-ми април 2017-та година. Советот за оценка на обвинителен акт по одржана јавна седница донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од судот.

Формиран е кривично- правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани, стои во дописот.

Во овој предмет обвинети за нарачатели на настаните од 27-ми април се Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.