Бизнисот бара да одлучува за струките во средното образование
Бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија бара од државата во комисиите што решаваат за уписот во средното образование да има и нивни претставници. Според Комората, недостасуваат профили што се бараат во градежништвото, текстилната, хемиската, месната и преработувачката индустрија...
Бизнис- заедницата во Стопанската комора на Македонија бара од државата во комисиите што решаваат за уписите во средното образование да има и нивни претставници. Според Комората, компаниите сѐ повеќе се соочуваат со недостиг од стручен кадар, а уписите и квотите се повторуваат со години. Досега постојано се зголемува бројот на паралелки со гимназиско образование, како и за медицински сестри како и за струките економски и правен теничар, иако на пазарот на труд тие се суфицитарни. Недостигаат стручни профили што се бараат во: градежништвото, текстилната, хемиската, месната и преработувачката индустрија. Недостигаат: бравари, водоинсталатери, заварувачи, машински техничари ,оператори со нумерички машини,.
„Во стручните училишта од вкупниот број ученици што се запишани 24% се во здравствената струка,22% се во економска,трговска и правна струка:наспроти тоа во секторот градежништво и геодезија се запишани 8,1% од учениците во стручните училишта,во секторот угостителство и туризам се запишани 4,5% додека во земјопдеслтво и ветерина само 3%“, изјави Наташа Јаневска- Стопанска комора на Македонија.
Во струката хемија и технологија, за прехранбени техничари се запишани само 1% од учениците, вели Јаневска,а ништо подобра не е состојбата и во геологијата , рударството , металургијата,текстилната и кожарската индустрија. Не е ништо подобра ниту состојбата во месната индустрија каде што за некои профили се нудат почетни плати од 30 илјади денари, но нема интерес.
„Недостасуваат месопреработувачи. Како бројка е поизразено во индустриите што работат со свежо месо, пред сѐ касапи“, вели Жарко Ангелески- претставник на месната индустрија.
Во комисиите на локално ниво што одлучуваат за бројот на ученици што ќе се запишуваат и нивната структура по струки, доминираат претставници од образовните инстутуции,инспекторатот, ЗЕЛС, но нема ниту еден претставник на бизнисот за да може да се креира правилна уписна политика.
Според Комората за намалување на неусогласеноста меѓу потребите и понудата на пазарот на труд потребна е координирана акција на бизнисот и на ресорот за образование, затоа што стручните училишта се јадрото на екомоски стабилно и јако општество.
Свето Николовски
