Високи откупни цени на тутунот

14.01.2020 10:29

Добриот квалитет на тутунот ја зголеми откупната цена. Досега се предадени повеќе од 80 проценти од производството, а поголемиот дел е проценет со прва и со втора класа. Тутунарите се задоволни и нема многу забелешки за неправилности. Според експертите, се очекува сезоната за преземање на родот да заврши до предвидениот рок, односно до крајот на месецов...

Од планираните 26.000 тони досега се откупени повеќе од 80 проценти, односно 20.000 тони тутун. Просечната откупна цена изнесува 222,5 денари за килограм и е највисока во последните шест години.

Деветте монополи исплаќаат во предвиденте рокови, па дури и порано. Вредноста на превземениот тутун е близу 4,3 милијарди денари, од кои што 4,1 милирјарда се веќе на сметките тутунопроизводителите.

Годинашнава реколта е со висок квалитет и главно се проценува со прва и со втора класа.

Годинава биле засадени 13.300 хектари со тутун и се склучени 32.800 договори. Вкупното производство се проценува на 26.000 тони, што е за 6 отсто повеќе од лани. Се укинуваат и евидентните листови, односно договорите ќе се склучуваат директно со монополите.

По откупот тутунарите треба да ги добијат добијат и веќе зголемените субвенции од 80 денари за килограм прва,70 денари за втора, и 60 денари за трета класа.

 

Методија Трајков