Народна банка
Основната каматна стапка намалена на 2%
15.01.2020 10:18
Централната банка појаснува дека овој потег се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што довел до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот.

Народна банка донесе одлука дополнително да ја олабави монетарната политика. Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени и сега изнесува 2 отсто.
Централната банка појаснува дека овој потег се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што довел до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот.
Економскиот раст е во согласност со проекциите, има зголемување кај депозитите и кај кредитите, па се оценува дека последните макроекономски показатели се движат во согласност со очекувањата и проекциите на банката.
