Австралија: Бура и дожд во делови од источниот брег

16.01.2020 12:17

Нестабилно време се очекува во наредните пет дена.

Невреме проследено со поројни дождови погоди делови од источниот брег на Австралија, зголемувајќи го оптимизмот на противпожарните екипи кои со месеци се борат против огнениот појас.

Но, метеоролозите предупредуваат дека постои опасност од поплави и свлечишта, а грмотевиците би можеле да активираат нови жаришта. Нестабилно време се очекува во наредните пет дена.

Во сезоната на пожари која почна во септември загинаа триесетина луѓе и милиони животни. Огнот уништи територија со големина на Бугарија.