Средба Пленковиќ- Меркел
Пленковиќ и Меркел ќе разговараат за преговорите за идните односи со Обединетото Кралство по Брегзит на крајот од јануари, за повеќегодишниот финансиски план на ЕУ и за подготовките за состанокот на врвот на земјите- членки со државите од Југоисточна Европа што ќе се одржи во мај во Загреб.

Приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, билатералната соработка и активностите на Унијата во наредните 6 месеци, ќе бидат главни теми на средбата во Берлин меѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и германската канцеларка Ангела Меркел.
Пленковиќ и Меркел ќе разговараат за преговорите за идните односи со Обединетото Кралство по Брегзит на крајот од јануари, за повеќегодишниот финансиски план на ЕУ и за подготовките за состанокот на врвот на земјите- членки со државите од Југоисточна Европа што ќе се одржи во мај во Загреб.
Хрватска како актуелен претседавач со Унијата истакна дека еден од приоритетите на хрватското претседателство ќе биде почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија во првите шест месеци од 2020-та.
