Михаил Мишустин е нов премиер на Русија

16.01.2020 15:35

Поранешниот шеф на Федералната даночна служба беше кандидиран од претседателот Владимир Путин...

Со 383 гласа „за“, руските пратеници го ратификуваа именувањето на Михаил Мишустин за нов премиер по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени.

Воздржани беа 41 пратеник од Комунистичката партија. Поранешниот шеф на Федералната даночна служба беше кандидиран од претседателот Владимир Путин.

Дмитриј Медведев, како заменик- претседател на рускиот Совет за безбедност, останува на чело на владејачката партија „Обединета Русија“, која ја водеше додека беше премиер.