Вашингтон
Почна процесот за импичмент на Трамп
17.01.2020 10:46
Медиумите пренесуваат дека се именувани членови на Претставничкиот дом кои ќе ја застапуваат резолуцијата во постапката.

Сенатот на САД го отвори процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп, откако Претставничкиот дом изгласа резолуцијата формално да биде испратена во Горниот дом на Конгресот.
Медиумите пренесуваат дека се именувани членови на Претставничкиот дом кои ќе ја застапуваат резолуцијата во постапката.
Претставничкиот дом во декември го изгласа отповикувањето на претседателот заради злоупотреба на службената положба и опструкција на Конгресот.
Трамп може да биде разрешен од должноста доколку за тоа гласаат две третини, односно 67 од околу сто сенатори. Судењето на Доналд Трамп би требало да почне во вторник на 21-ви јануари.
