Сирија: Жртви во експлозија на автомобил- бомба
17.01.2020 11:23
Нападот се случил во местото Сулук, 10 километри југоисточно од сирискиот град Тел Абијад, на границата со Турција.

Тројца турски војници загинаа во североисточна сирија при експлозија на автомобил-бомба покрај контролен пункт на пат. Нападот се случил во местото Сулук, 10 километри југоисточно од сирискиот град Тел Абијад, на границата со Турција.
Двата града се наоѓаат во област каде што Турција и сојузничките бунтовници од Сирија ја презедоа контролата во офанзивата против курдските борци во октомври минатата година.
