Каракас
Гватемала ги прекинува дипломатските односи со Венецуела
17.01.2020 12:41
Според шефот на венецуелската дипломатија, Гватемала со тој потег„му се потчинува“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматеи изјави дека ги прекинува дипломатските односи со владата на Венецуела, предводена од Николас Мадуро, додавајќи дека ќе ја затвори амбасадата во Каракас.
Според шефот на венецуелската дипломатија, Гватемала со тој потег„му се потчинува“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Гватемала е активна членка на Лима групата, во која членуваат десетина држави од Јужна Америка и Канада, и чија цел е изнаоѓање решение за кризата во Венецуела.
Групата го признава Хуан Гуаидо за легитимен претставник на Венецуела.
