Нов јужен велс

Дождовите ги ублажија пожарите во Австралија

17.01.2020 14:25

Најтешко погодени се државите Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд. Пожарникарите стравуваат дека дождовите, сепак, нема да бидат доволни за да ги изгаснат сите пожари.

Интензивните врнежи, проследени со грмежи, ги ублажија пожарите во австралиското источно крајбрежје, олеснувајжи ги напорите на пожарникарите и фармерите кои од септември се борат со огнената стихија во која загинаа 29 луѓе, стотици милиони животни, а уништени беа повеќе од 2.500 домови.

Најтешко погодени се државите Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд. Пожарникарите стравуваат дека дождовите, сепак, нема да бидат доволни за да ги изгаснат сите пожари.

Во делови од земјата поради силното невреме проследено со грмотевици и силен дожд илјадници домови останаа без електрична енергија.