Со сведочење на обвинителката Стефанови продолжи судењето за „Рекет“
Обвинителката Лиле Стефанова сведочеше пред судот дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја терала да го затвори предметот „Империја“ против Орце Камчев.

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Рекет“. Обвинителката Лиле Стефанова сведочеше пред судот дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја терала да го затвори предметот „Империја“ против Орце Камчев.
Стефанова сведочеше и дека меѓу емисарите што се јавувале за ургенции за случајот на Орце Камчев била и судијката Добрила Кацарска, но не лично, туку преку друг обвинител.
„Таа не се јави кај мене, туку кај друг колега. Но, беше присутна тука во судот цела вечер кога се одлучуваше за мерката притвор на Орце Камчев. Беше присутна од рано утро, до другото утро следниот ден“, сведочеше Стефанова.
Во сведочењето пред судот, обвинителката Лиле Стефанова рече дека откако Јанева поднела оставка, само еднаш разговарала со неа. Ја побарала телефонски и се заканувала да не коментира во медиумите, и да не зборува за снимките од италијанскиот весник Ла Верита.
