СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да заборави на теснопартиските интереси
Посочуваат дека законот овозможува сите предмети на СЈО да имаат професионална завршница.
ВМРО-ДПМНЕ да заборави на теснопартиските интереси и да го поддржи Законот за јавно обвинителство, повикаа од СДСМ. Посочуваат дека законот овозможува сите предмети на СЈО да имаат професионална завршница.
„Предложеното законско решение го подобрува системот на борбата против криминалот и корупцијата и ја гарантира евроатлантската интеграција на државата. Токму затоа никој не самее несовесно и неосновано, само заради лични цели да го опструира неговото усвојување“, изјави пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска- Ванчева.
Од партијата се децидни - политиката мора да биде надвор од изборот на обвинителите. Нема да прифатиме никаков пазар, за Законот за јавно обвинителство, зашто секое договарање и штети на државата- велат од владејачката партија.
