МНР: Нема заразени македонски државјани од коронавирус во Кина
27.01.2020 15:19
Нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош...

Согласно информациите добиени од македонската амбасада во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со Коронавирусот. Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош.
МНР исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а амбасадата е во постојан контакт со нив.
