Политика

Утре јавна расправа за Законот за јавно обвинителство

27.01.2020 15:36

ВМРО-ДПМНЕ да заборави на теснопартиските интереси и да го поддржи Законот за јавно обвинителство, повикаа од СДСМ. Од власта со став- нема да прифатиме никаков пазар, зашто секое договарање ѝ штети на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе учествуват на јавната расправа, каде по нивно барање ќе присуствуваат експерти. Според нив, имало многу аргументи кои треба да бидат изнесени. Жбогар со порака- добро ќе биде Законот за обвинителство да се придвижи...

Законот за јавното обвинителство продолжува да ја бранува политичката сцена. Предлог- законот според најавите во вторник влегува во собраниска процедура, откако ќе го мине владиниот филтер на седница. Закажана е и јавна седница на која ќе присуствуваат експерти, но и претставници на меѓународната заедница.

И покрај општиот наслов зададен за дебата, сепак Законот за обвинителство ќе е во прв план, каде власта и опозицијата повторно ќе ги спротистават своите ставови за тоа чие решение е по европско.

Во СДСМ велат- никогаш нема да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или за кој било друг случај, а со тоа и бегање од кривичната одговорност на сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Во ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека сега се комплетно насочени кон укажување на нелогичностите во Законот за јавното обвинителство кои ќе ги кажат на јавната дебата. По неа ќе размислуваат како ќе реагираат за Законот за време на неговото разгледување во Собранието.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар посочи дека на земјава ѝ претсоти интензивна агенда. Добро е, рече тој, власта и опозицијата да соработуваат на реформските закони, но добро би било, вели Жбогар, до крајот на мандатот, Собранието да ги донесе Изборниот законик и Законот за јавното обвинилтество.

 

Миле Ристески