МАНУ

Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот одбележан со комеморативна академија

27.01.2020 15:43

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и депоратацијата на 7.144 Евреи од Македонија во Треблинка. На комеморативниот собир во МАНУ, во спомен на нашите сограѓани присуствуваа преставници од Владата, дипломатскиот кор, политичките партии, граѓанскиот сектор...

Одбележуваме два настана за незаборав. Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот и депортација на 7.144 Евреи од Македонија во логорот на смртта- Треблинка, од кои половината беа деца, рече претседателката на еврејската заедница, Берта Романо- Николиќ на Комеморативната седница во МАНУ.

„Мора да продоложиме да се бориме против антисемитизмот и одрекување на холокаустот“, нагласи амбасадорката на Шведска, Кристин Бенгтсон.

„Поминаа 75 години од крајот на Втората Светска војна, а само неколку преживеани се сведоци на хоророт на холокаустот. За жал, заканите врз Евреите се сѐ уште присутни и состојбата се влошува“, изјави Бенгстон.

На комеморативната седница се обрати и премиерот Оливер Спасовски. Тој посочи дека наша трајна определба е никогаш да не се заборават жртвите и преку образованието на младите генерации да се пренесува и зачува споменот за нив.

Марина Стојанова- Тонева