Во Скопје и Тетово во сила препораките и мерките за заштита од загадување
Сите работодовци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар. Се бара да го реорганизираат работното време, а упатена е препорака да не се организираат спортски натпревари и културни настани на отворено.

Владата објави вонредни мерки во Скопје и во Тетово, поради високата загаденост на воздухот.
Сите работодовци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удар. Се бара да го реорганизираат работното време, а упатена е препорака да не се организираат спортски натпревари и културни настани на отворено.
Од вчера од 18 часот, јавниот автобуски превоз во Скопје е бесплатен, а паркирањето е двојно поскапо.
Мерките ќе важат сè додека не се надмине големата загаденост на воздухот, информира Град Скопје.
