Јавна расправа во Собранието за Законот за јавно обвинителство
Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14:00 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура. Власта и опозицијата ќе ги приближуваат ставовите на јавна расправа во рамки на парламентарната Комисија за политички систем.
Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14:00 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.
На јавната расправа, покрај политичките претставници, ќе учествуваат и домашни и странски експерти, како и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, на што инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, во пресрет на јавната собраниска дебата, вчера порачаа дека Законот за јавно обвинителство е последната шанса за ВМРО- ДПМНЕ да покаже дали е за ЕУ и правна држава.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе учествуваат на јавната расправа. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски изјави дека се сериозни во намерата да се донесе Законот за јавно обвинителство, ако Владата односно предлагачот, ги прифати забелешките на опозицијата.
