Владата ќе ја одржи редовната 5-та седница
На предлог на Министерството за финансии ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на Економски Реформи 2020-2022 година.
Владата денеска ќе ја одржи 5-тата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.
Како што соопштуваат од владината прес- служба, Владата, ќе ја разгледа информацијата во врска со постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.
На предлог на Министерството за финансии ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на Економски Реформи 2020-2022 година.
Заменичката на претседателот во Влада задолжена за координација на економските ресори, Мила Царовска, за оваа седница ја предлага точката: Информација во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд и назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд.
На денешната седница ќе се разгледа и ќе биде утврден текстот на Предлог - закон за заштита на личните податоци.
Министерството за информатичко општество и администрација на седницата ќе ја презентира информацијата за ревизија на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.
