СДСМ: Очекуваме суштиска дебата за Законот за јавно обвинителство
Законот за јавното обвинителство влегува во собраниска процедура. Закажана е јавна расправа во Комисијата за политички систем. Очекуваме отворена, суштинска, плодна дебата за ова законско решение кое е значајно за правдата и за сите граѓани- велат од СДСМ...

Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура. Закажана е јавна расправа во комисијата за политички систем на тема „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борбата против корупцијата“.
Очекуваме отворена, суштинска, плодна дебата за ова законско решение кое е значајно за правдата и за сите граѓани, велат од СДСМ.
„Ова е можност ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да одлучат, дали ќе застанат зад Законот за јавно обвинителство или како и досега ќе застанат зад криминалот. Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем. Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека сите нелогичности во предложениот текст, ќе ги каже на јавната седница.
