Преку едукација до вработување
Преку проектот „Едукација за вработување“ ќе се работи на партнерства меѓу средните стручни училишта и компаниите. Невработените лица ќе се доквалификуваат и ќе стекнуваат вештини. Министерството за економија и Швајцарската амбасада го потпишаа меморандумот за соработка...
Партнерство меѓу компаниите и стручните училишта, доквалификација на невработените. Ова се само дел од активностите што ги предвидува проектот „Едукација за вработување“ кој се спроведува во соработка со Швајцарската амбасада.
Целта е преку стекнување на вештини лицата да добијат вработување. Според ресорниот министер Бектеши, образованието е основа за развој на стабилна и одржлива економија. Посочува дека дефицитот на стручен и квалификуван кадар во одредени струки е предизвик со кој државата во наредниот период треба да се соочи.
Унапредувањето на образовните и практичните програми подразбира учениците веднаш по школувањето да бидат подготвени за пазарот на трудот.
Лани, во 16 компании се обучени 600 невработени луѓе, а над 350 станале дел од фирмите со што е подобрена нивната конкурентност.
Дијана Ценевска
