РКЕ

Задолжително приклучување на топлификациската мрежа за новите станбени згради

29.01.2020 12:41

Во иднина приклучувањето на новите станбени згради на топлификациската мрежа ќе биде задолжително, доколку има технички можности за тоа, велат од Регулаторната комисија за енергетика. Според регулаторите, ваквиот начин за затоплување е најекономичен и го практикуваат сите земји на ЕУ...

Приклучување на мрежата на топлинска енергија ќе биде задолжително за новите згради. Со новиот Закон за градба кој е во подготовка, се предвидува инвеститорите во одобрението да го назначат начинот на греење на објектот.

Првиот човек на Регулаторна, Бислимовски, појаснува дека организираниот начин на затоплување е поекономичен и се применува во земјите од ЕУ. Бројот на корисници на парно се зголемува. Комисијата информира дека наскоро ќе се произнесе по постапката за преземање на дистрибутивната мрежа од БЕГ.

Регулаторната комисија ги разгледува и мрежните правила за пренос на електричната енергија, кои треба да се приспособат со европските.

Од МЕПСО информираат дека во моментов, цената за изградба на една трафостаница е од пет до седум милиони евра. Оттаму посочуваат дека не се очекуваат поголеми промени.

 

Дијана Ценевска