Енергетика

ЕСМ распиша тендер за проширување на Ветерниот парк Богданци

03.02.2020 11:04

Набавката и евалуацијата на понудите ќе бидат според правилата на КФВ Банката од Германија. Крајниот рок за доставување на понудите е 2-ри март годинава.

ЕСМ објави повик за пре- квалификација за инженеринг, набавка и изведба на втората фаза од Ветерниот парк Богданци. Тендерот вклучува и изградба на пристапни патишта и изведување на потребната преносна мрежа.

Набавката и евалуацијата на понудите ќе бидат според правилата на КФВ Банката од Германија. Крајниот рок за доставување на понудите е 2-ри март годинава.

Со овој проект ќе се зголеми капацитетот на постоечкиот ветерен парк кај Богданци за дополнителни 13 до 15 мегавати.

Инвестицијата во овој обновлив извор на енергија ќе изнесува 21 милион евра, од кои 3 милиони ќе бидат средства на ЕСМ.