Заев: Сите материјали за „Монструм“ беа предадени во СЈО
Сите аудиодокази и транскрипти што ги имав за овој случај, кон крајот на 2015-та ги предадов во Специјалното јавно обвинителство- изјави Заев, појаснувајќи дека мал дел од разговорите и СМС пораките биле споделени со јавноста, додека остатокот бил предаден во СЈО.

Лидерот на СДСМ и екс- премиер Зоран Заев во Кривичниот суд сведочи какви прислушувани материјали имал за случајот „Монструм“ и каде се тие. Сите аудиодокази и транскрипти што ги имав за овој случај, кон крајот на 2015-та ги предадов во Специјалното јавно обвинителство- изјави Заев, појаснувајќи дека мал дел од разговорите и СМС пораките биле споделени со јавноста, додека остатокот бил предаден во СЈО.
Видов разговори во форма на транскрипти, кои што беа дел од материјалите, а беа препознаени по името и презимето на дел од тогаш веќе првостепено осудени лица, за коишто беше позната во јавноста и пресудата, на некои 180 страници- изјави Заев на сведочењето во Кривичниот усд во Скопје.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
