СДСМ: Да не се игнорира ефектот на Договорот од Преспа
Договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку и наше членство во НАТО, а тоа значи повисок економски раст и повеќе инвестиции...

Опозицијата не треба да ги игнорира пораките на нашите страттегиски партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот кон НАТО и ЕУ- изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров. Според него, Договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку и наше членство во НАТО, а тоа значи повисок економски раст и повеќе инвестиции.
„Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат. Тие продолжуваат да ги игнорираат пораките на сите наши стратешки партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ“, изјави Петров.
Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт- велат од владејачката партија.
